Вчерашниот ден во македонското Собрание беше тежок удар врз демократијата во Македонија.
Синоќешниот расплет во Собранието беше поапсурден и од почетокот на собраниската седница за расправа за доверба на владата. Пред полноќ претседателот на Собранието, Талат Џафери пред празна собраниска сала прогласи дека не е изгласана недоверба на владата.
ВО ПОТПОЛНО ПРАЗНА САЛА!!!
Обезбеден кворум, Џафери прогласи дека не е изгласана недоверба на владата pic.twitter.com/4iWAKr2I4Y
— “ℚ𝔼ℕ𝔸ℕ от кај КејтБрнз“ – 𝚙𝚜𝚢𝚌𝚑𝚒𝚌 Ⓒ (@QenanPsychic) November 11, 2021
Апсурдот е во тоа што во текот на целиот ден, вклучително и во време на констатацијата на Џафери внатре не влезе ниту еден пратеник од мнозинството кое според последните математики не изнесува повеќе од 60 пратеници, ако во оваа бројка се вкалкулира и исчезнатиот пратеник на БЕСА Кастриот Реџепи.
Дали одлуката на СДСМ да не се појавуваат неговите пратеници во собраниската сала беше поради стравот на Заев? Имено, ова остава сомнеж дека Заев не беше сигурен во пратениците од СДСМ и коалицијата и поради тоа не им дозволи да влезат во Собранието. Постојат информации дека Заев се одлучил на ваков чекор поради сомнежот во неколку пратеници од коалициските партнери, но и двајца пратеници од самите редови на СДСМ. За да не ризикува, Заев наредил пратениците од неговите редови воопшто да не се појавуваат во салата, особено додека траеше сагата со исчезнатиот Кастриот Реџепи, за кого БЕСА посочи дека бил киднапиран.
Засега како што стојат работите Собранието е во целосна блокада и пат ситуација. Ни власта, ни опозицијата немаат 61 пратеник. Шпекулациите за поголемо мнозинство кое го најавуваше Заев останува да видиме дали ќе се реализираат. Првиот тест за тоа ќе биде најавената оставка на Арјанит Хоџа од БЕСА, кој е актуелен министер за земјоделство. Кој ќе го замени е нова непознаница, а посебно како ќе биде изгласан евентуално нов министер, доколку Заев не најде замена за двајцата пратеници од БЕСА кои со сигурност најавија дека излегуваат од владеачкото мнозинство.
Опозицијата по вчерашните игри на власта во Собранието и исчезнувањето на пратеникот Кастриот Реџепи, кој беше 61-иот глас за пад на Владата, најави дека почнува битка за предвремени парламентари избори.