Четири години ја развиваме државата на меѓународен план, ги развиваме општините на домашен план, го унапредуваме квалитетот на живот и расте животниот стандард, општините, државата, заедно ги поставивме во вистинскиот правец, конечно тргнавме напред, одиме напред и нема дилема, „Најдоброто“ е можно единствено напред, порача вечерва од Кочани претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.
„Сите знаат каде бевме пред четири години, а каде сме сега“ – порача тој.
Заев ги повика граѓаните да дадат поддршка за да продолжат успесите на централно и локално ниво.
-Успесите што ги постигаме не се случајни, тие се резултат на силната заложба но и на вашата поддршка. Таа ваша поддршка ја очекуваме и на 17 октомври, за да ни потврдите дека го имаме „Најдоброто“ за Кочани. Затоа почитувани пријатели, на 17 октомври излезете масовно и заедно, сплотено и одлучно заокружете го бројот 12, тоа е победничкиот број кој гарантира напредок. На 17 октомври гласаме за Николчо Илијев гласаме за советничката листа на СДСМ, гласаме за 12 – за Најдоброто за Кочани, повика Заев.