При вчерашното гостување во МРТ премиерот Зоран Заев на новинарско прашање како ќе се справи со енормното загадување најави дека во среда ќе има специјална седница на Буџет, за носење на Буџетот на Влада, додека редовната е утре во вторник.
На таа седница покрај Буџетот ќе има претходна точка и животна средина каде што најмногу ќе алудираат на воздухот, целта е за прв пат им е да издвојат посебна програма во Буџетот за животна средина и да канализираме средства дел од постојните буџетски програми и дел да додадат одредени средства.
Заедно со министерот ќе ги релоцираат средствата, ама и другите министерства да покажат капацитетност.
-Знаете дека загадувањето доаѓа од затоплувањето односно од загревањето на домовите. И тоа е преку 91 или 92% тука се причините. Трајното решавање е со гасификацијата и со други инструменти. Дел од дебатата ќе биде забрана на дрвата, на мазутот, на јагленот после 5-6 години, веројатно такви одлуки ќе мора да носиме, истакна Заев.