Премиерот Зоран Заев во вчерашното гостување на ТВ Телма, на поставено прашање од страна на публиката рече дека уставот ќе претрпи четири промени, а тоа би поминало во Собранието со еден амандман.
Промените кои ќе треба да се направат доколку референдумот успее
1.Додавање на географска одредница
2.Преамбула за зајкнување на конститутивните елементи на државноста преку АСНОМ
3.Член-3 – Зајакнување на непостоењето на аспирации надвор од територијата на Македонија, односно неповредливоста на границите. Да биде како во уставите на сите земји членки на ЕУ
4.Член 49-останува грижата за дијаспората комплетно, но по стандардите на ЕУ, како што стои во земјите членки на ЕУ