вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев веќе прифатил дека македонскиот јазик е дел од бугарскиот, пораката од Португалија го потврди тоа?

Заев веќе прифатил дека македонскиот јазик е дел од бугарскиот, пораката од Португалија го потврди тоа?

Дали Заев прифатил дека македонскиот јазик е дел од бугарскиот, како дел од португалскиот предлог за решавање проблемот на Македонија со Бугарија за да може да се одблокира процесот за пристапни преговори во ЕУ?

И покрај сите барања, па дури и протести македонската јавност не доби увид во т.н. португалски предлог, иако власта постојано повторуваше дека ништо не се крие, но го криеше предлогот.

Кога ќе дојдеше тема на разговор португалскиот предлог премиерот Заев постојано повторуваше дека португалскиот предлог е добра основа, но никогаш не го образложи. Содржината не ја сподели ни министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој само ги повторуваше зборовите на Заев.

И така македонската јавност не знаеше ништо за бугарскиот предлог и бугарските ставови се до денес. Денеска Државната секретарка на Португалија за европски прашања, Ана Пола Закаријас ни порача дека македонскиот јазик бил дел од бугарскиот, но и дека бугарската позиција во ЕУ мора да се почитува, бидејќи тие се членка на унијата.

– Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија, поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и идната соработка. Во моментов, тие работат на нешто како патоказ што ќе им помогне да работат заедно, и Бугарија да има гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, работите ќе се одвиваат непречено. Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција – запомнете дека го смени името на земјата. Но, тоа е многу тешко, бидејќи е исто така поврзано со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на двете земји, изјави Закаријас.

Ова практично се совпаѓа со бугарските услови, односно барања во кои тие бараат Македонија да се согласи дека македонскиот јазик се до 1944 година бил дел од бугарскиот, а дури потоа почнал да се развива како посебен јазик.
Од нејзината изјава можеме многу добро да видиме зошто толку се крие португалскиот предлог и што преговара триото Заев, Димитров, Османи со Бугарија помогнати од Владо Бучковски како координатор на владата во спорот со Бугарија.
Но, тука прашањето е какви се други отстапки се направени во полза на Бугарија и трајно уништувајќи ги македонските позиции на штета на јазикот, историјата и идентиетот.

Имајќи ја предвид историјата на преговори за државните и националните прашања на Зоран Заев, две работи се сигурни, дека е лага кога зборува во јавноста дека ги штити интересите на државата и дека лесно може да попушти пред соседите и да им даде се што бараат. Бидејќи тоа што пак тие од него научија е дека штом за една работа попушти, тогаш ќе попушти за се.

Впрочем тој такви ставови сподели и во неговото интервју за бугарската агенција БГНС каде неговите ставови беа поблиски со бугарските и во кое зборуваше за преиспитување на делот за историјата и јазикот.

Имајќи ги предвид сите овие работи, јасно е дека португалскиот предлог бара откажување на јазикот, и штом Заев упорно бара да се преговара за него и смета дека е добра основа, тогаш тој веќе тоа го прифатил и го ставил на маса во преговорите.

Најнови вести