Кабинетот на премиерот Зоран Заев планира да го зголеми уште повеќе советничкиот состав, откако канцеларијата вчера објави оглас за вработување на еден посебен советник за труд и социјална политика.
Вработувањето ќе биде на определено време, а паричниот износ на основната нето плата за ова работно место изнесува 50.000 денари.
Според постојните податоци, со ова ново вработување бројот на советници-експерти во кабинетот на Заев би изнесувал вкупно 40.
Емисијата „Топ Тема на ваша страна“ ја доби листата на советници и соработници на премиерот Зоран Заев, чиј вкупен број е 56.
Во кабинетот на Заев има трите категории ангажирани советници – соработници.