Иако беа на агендата, средбите меѓу претседателот на Македонија Ѓорге Иванов со бугарскиот премиер Борисов и со шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, нема да се одржат.
Средбите се откажани од бугарската страна со следново образложение:
„Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и онаа на целата Меѓународна заедница. Позицијата на претседателот на Република Македонија е исто така јасна. Бугарската влада нема гледа смисла да биде искористена во внатрешно-политичките дебати во Скопје“, соопштија од бугарската влада.
Претседателот Иванов вчера на крајот од своето обраќање до нацијата го повика македонскиот народ каде и да се наоѓа да не се плаши.
-Не ја губете вербата во себе. Чувајте го и негувајте го нашиот многувековен идеал на непокорот. Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци, уцени и закани. Нема да поддржам и потпишам ваков штетен текст на договор, рече македонскиот претседател.