За 12 дена заврши истрагата за сообраќајката на раскрсницата пред „Сити мол“, каде загина 24-годишната радовишанка Викторија Николова, а повредено беше нејзиното момче Леонид Даов. Возачот на автомобилот кој удри во девојката, Јордан Ѓ., заврши во притвор поради опасност од бегство и влијание на сведоци. Периодот од 20 јануари кога се случи сообраќајката до 2 февруари, кога според адвокатот на возачот е архивирано барањето, бил доволен да се соберат сите докази. Душко Јанковиќ, адвокат на возачот, тврди дека иако формално е завршена, таа не е целосна. Од Обвинителството не одговараат дали се завршени и сите распити со сведоци, обвинетиот, неговата придружба во автомобилот. Од свои извори, „А1он“ дознава дека завршено е сообраќајното вештачење. Тоа треба да даде информации како настанала несреќата и со која брзина Јордан удрил во Викторија.
„Истражната постапка е во завршна фаза, односно обвинителот заврши со преземање на истражните дејствија и сега тече законскиот рок во кој одбраната и осомничениот имаат право да извршат увид во доказите и да предложат преземање дополнителни дејствија. Веднаш штом ќе биде донесена конечна јавнобвинителска одлука, јавноста ќе биде известена за утврдените факти во истрагата“, велат од Обвинителството за „А1он“.
Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.