Евроамбасадорот Самуел Жбогар, најави дека за 31 ден ќе ја напушти земјава.
Жбогар на социјалните мрежи најави дека секој преостанат ден ќе објавува по една фотографија од Македонија што засекогаш ќе му остане во сеќавање.
-Возбуден сум што се враќам дома, но истовремено сум облиен со емоции за времето што го оставам зад себе. Со 30 фотографии ќе го одбројувам времето и ќе се навраќам на сеќавањата од изминатите четири години, напиша Жбогар.
In 31 days I'll be leaving ??. I'm exited to return home, but also overwhelmed with emotions of the time I'm leaving behind. In 30 slides countdown I'll reflect on the memories of the last 4 years. 1/30 pic.twitter.com/HAUhxMVbvs
— EU Ambassador (@AmbassadorEU) August 16, 2020