Гледам денес Димитар Ковачевски бил во Велес во фабриката Маркард. Фабриката која е отворена за време на “режимот” и е лоцирана во индустриска зона проектирана во време на “режимот” и кажува дека е успешна приказна. Да Таче, успешна приказна е затоа што во тоа време се бореа инвеститорите да дојдат и да инвестираат во Македонија поради поволностите кои им беа дадени, а благодарение на тие инвестиции се градеше и инфраструктура и се качуваше плата по нормален пат заради зголемената побарувачка на пазарот на трудот, пишува пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.
Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:
Кога ги посетуваш овие “режимски” фабрики отсега треба да се прекрстиш три пати и да влезеш со десна нога за да те фане полазата, но и да се запрашаш што направи ТИ почитуван “експерту” и твојот претходник за Велес.
Една инвестиција немате донесено, еден проект не сте способни да реализирате, ги задолживте и неродените деца со вашето недомаќинско работење. Инвеститорите не сакаат да инвестираат во земја која е нестабилна, на врвот по корупцијата и на дното по демократијата, земја која во континуитет според извештаите на ЕК има пад од 2,56(2013) до 1,52 лани.
Почитуван Димитар во Велес живеат луѓе исто како што живеат во Тетово, Струга, Слупчане, Желино итн, и овие луѓе верувам дека се значително подисциплинирани граѓани во однос на обврските кон државата, но ги изоставате во рамномерниот регионален развој, а нивното мислење за вашата работа го кажаа пред неколку месеци кога доживеавте КАТАСТРОФА на локалните.
Сега имаш шанса почитуван за распределба на средства за инфраструктурни проекти преку програмите од ЈПДП и заемите за локални патишта како и многу други потпрограми кои би се искористиле за развојот на градот.
Покажи доблест и големина, и докажи дека јаремот околу вратот од твоите партнери од ДУИ не е доволно стегнат…