Здравствениот дом во Чаир е едно од најбитните и најважните места за граѓаните во овој дел на Скопје доколку им притреба итна медицинска помош или пак преглед од доктор, вакцина, инекција, сето тоа се случува тука, пишува порталот Здравство.мк.
-Но, додека министерот се слика со нови сали за операција, и покрај тоа што пациентите со пола година чекаат за операција за колк или за зглоб, додека министерот се шета со директорот на ФЗОМ и ветуваат подобрувања кои ги нема, се сликаат и повеќе се по медиумите отколку во нивните канцаларии работејќи нешто, до толку од друга страна пак се утепани и работат во никакви скоро невозможни услови докторите во здравствените домови, по клиниките низ главниот град и републиката, стои во текстот на порталот.
Докторите кои работат на смена во дежурната амбуланта во склоп на здравствениот дом Чаир се на работно место, но верувајте тоа е место на кое не би сакале да ве затекнат преку ден, не навечер, а ни во лудило не би помислиле дека таму има некој кој може да ви помогне. Ѕидовите цели почнати незавршени, вратите од сите страни недовршени, неофарбано, нема основни хигиенски услови, отворени капаци, кабли висат од сите страни, а кај докторите во ординација се е на едно место.
Претходно кутијата беше долу до корпите за отпадоци, се мисли на кутијата со токсичен и биохазарден отпад, но сега таа кутија со медицински отпад е се поблиску и поблиску до пациентите на креветот за боцкање, небаре тоа се лижавчиња, не крвни деликти и отпаден матријал од биолошко потекло кој може да е инфициран и ако не биде ракуван соодветно да ги зарази сите кои ќе влезат во таа просторија, пишува „Здравство“.
Тоа се работите со кои се замараат докторите кои се на смена, медицинскиот персонал, кои не сакаа да разговараат со нас пред објективот па, само во неофицијален разговор ни соопштија дека ова е подолу од секаков стандард во медицината, а они се натерани, приморани да работат во вакви услови. Овие се работите со кои треба да се замара министерот за здравство Венко Филипче, ова се проблемите кои треба да се решаваат не да се одлучува кој тендер на кому ќе припадне и кој колку ќе стави во џеб.
Обичните граѓани, обичните пациенти ги интересира да имаат минимум услови за преглед, достоинствено и да отидат на лекар и да бидат пречекани и во достоинствени услови да добијат лекарска помош. Ова на се личи, повеќе има сличности со кланица отколку со медицинска установа, коментираа дел од пациентите кои чекаа на ред во амбулантата за преглед.
Каде е Филипче ова да го објасни и ова да го реши, не е министерувањето само од слика на слика од телевизија во телевизија, некој треба и да работи да го одржува македонското здравство во добра форма? Кога Филипче, Кога? – прашува јавноста