понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Здравството на Филипче крахира: „Татко ми го изгубивме поради докторска грешка и незнаење“

Здравството на Филипче крахира: „Татко ми го изгубивме поради докторска грешка и незнаење“

Почитуван министре Венко Филипче, имам да ви кажам неколку работи на вас и на народот.

Татко ми, здрав, без никакви претходни заболувања и човек кој НЕ БЕШЕ хроничен алкохоличар, на 03.11 доби мозочен удар и беше однесен во 8ми септември (со приватно возило бидејќи брза помош не дојде) каде што беше примен на ургентен центар и беше однесен во СВЕСНА состојба. Таму ниту го снимија, ниту му пружија соодветна помош. Бил повикан психијатар и НЕВРОЛОГ кои, не знам како, заклучиле дека татко ми е во алкохолен делириум и му дале терапија за таа дијагноза со што дополнително му ја влошиле состојбата. Неврологот и психијатарот тврдеа дека не е мозочен удар, односно дека нема ништо невролошки и дека им личи на конзервативна состојба.

Ниту го снимија, ниту го испитаа и без никаква основа не убедуваа дека нема никаков удар. Кога ние ги замоливме да го снимат и им кажавме дека сите симптоми укажуваат на удар и дека човекот не е алкохоличар, ни рекоа ”вие не се мешајте, ние си ја знаеме работата”. Ни кажаа дека примил седативи и дека ќе спие од истите, но го пуштија дома, не сакаа да го задржат во болница и да му пружат помош. Од болница татко ми искочи полужив.

Ноќта, веќе 04.11 татко ми беше дома и како го легнавме во кревет така го најдовме сабајлето, не се поместил цела ноќ. Ноќта додека беше дома добил мозочно крварење поради ненавремено пружена медицинска помош и поради давање на лекови за дијагноза која тој ја немаше со што се предизвика тоа крварење и состојбата му се влоши.

Утрото на 04.11 на моите браќа им почина во раце но успеаа да го вратат во живот. Повторно го однесовме во 8ми септември со брза помош каде, повторно не знам на која основа, беше смесен во Ковид центар. Таму му беше пружена секаква помош, БЛАГОДАРАМ НА ТИЕ ДОКТОРИ, беше утврдено дека има мозочен удар и крварење, но веке беше касно. Го изгубивме. На 05.11 татко ми почина поради докторска грешка и незнаење. Татко ми беше убиен од страна на НЕВРОЛОГ и психијатар кои тврдеа дека нема никаков удар и дека е добар. Па човек од улица да прашаш ќе знае симптоми на мозочен удар. Повредено животинче да видиш ќе му помогнеш ако си човек.
ТИЕ ДВЕ НЕ СЕ ЛУЃЕ!!!! Како можат да живеат и спијат мирно? Дали воопшто имаат совест? Дали се свесни што направија и дека се убијци?

Татко ми не е ниту прв ниту последен, после 2 дена откако почина тој, се случи истото со друг пациент поради НЕЗНАЕЊЕ. Поради нивната неспособност секојдневно убиваат луѓе. ЗА ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ СЕ РАБОТИ. Венко Филипче

Ние ќе направиме се што е во наша моќ за тие да сносат одговорност и да го добијат тоа што го заслужуваат, а ваше, Венко Филипче, Е ДА ИМ ЈА ОДЗЕМЕТЕ ЛИЦЕНЦАТА ЗА РАБОТА! Ако тоа не се случи ќе продолжат да убиваат луѓе.

Ви благодарам на сите што одвоивте време да го прочитате овој пост.

Почитуван министре Венко Филипче, имам да ви кажам неколку работи на вас и на народот.
Татко ми, здрав, без никакви…

Posted by Bile Bici on Friday, November 13, 2020

Најнови вести