Арсим Зеколи, политички аналитичар и коментатор, на својот Фејбук профил ги анализира последните изјави на Зоран Заев, Стево Пендаровски и Зијадин Села.
-Заев вели дека Зиадин “чекал долго време да стане власт и сега никако не станува”. Пендаровски очекува да Зиадин му ги даде гласовите во втор круг. Наравоучение: или Заев намерно го саботира Пендаровски или пак дечкото од Муртино и стрикото му од Зајас имаат јака мака со Река, напиша тој на својот Фејсбук профил.