Според мегафоните на Бихаќка, Вељановски ги уценува ДУИ со бомби за 27 Април. Не кажуваат кои бомби. Ама велат дека уценува. Нека им биде, пишува на својот Фејсбук профил Арсим Зеколи, политички аналитичар и коментатор.
„Според нивната логика, т.е. на Бихачки мегафони, уцената на Вељановски кон ДУИ упатува на заклучок дека изборот на Талат бил нелегитимен, следствено и изборот на Владата на Заев и се што следеше потоа.
Втората логичка авантура на мегафоните е дека Вељановски ги уценува ДУИ за 27 април со скандалозни информации кои досега Трајче ги криел за – што? – да не го доведе во прашање изборот на Талат за Собрание и Зоран во Собрание? Значи, според мегафоните, Вељановски им помагал – кому точно? На ДУИ? На СДСМ? На ДУИ и СДСМ или СДСМ и ДУИ? Бидејќи со одмолчување им помагал на сите по ред, сем на сопствената партија.
Од кој стрип ли ги вадат сценаријава …
Но, кога збориме за уцени и бомби и информации … Оној кој сака ќе се сети дека деновиве пред години имаше интересни настани поврзани околу одредени бандери недалеку од Бит Пазар.
Нема партија без инсталатери“-анализира Зеколи.