Во 2016 година не се случи револуција на граѓанството во Македонија, туку социјална (р)еволуција на Албанците во Македонија. Фактите, непријатни за СДСМ и за ДУИ, се сосема јасни. Во 2016 година, не се сруши груевизмот (кој победи), туку двоецот Ахмети – Тачи. Примарните бенефициенти и профитери на таа (р)еволуција, губитниците СДСМ и Заев, беа и останаа само експлоататори на туѓата победа. Која и ден денес сакаат бесрамно да ја присвојат и врпегнат во теснопартиски наративи и покрај доскорешното шурување токму со Ахмети и тековната очајничка зависност од Тачи. Тоа е констатацијата. Следува елаборацијата, пишува аналитичарот Арсим Зеколи во својата најнова колумна за Дојче Веле.
„Одредувањето на датумот за следните избори во Македонија беше дочекано во два спротиставени кампа, во кои етничкото е само прикритие за подлабоката шизма помеѓу квалитативното и квантитативното. Албанците во 2016 презедоа чекор напред, надвор од магичниот партиски круг. СДСМ тоа го разбра како шанса за сеење раздор во албаскиот кампус и јакнење на својот квантитативен, но не и квалитативен гласачки број. За разлика од нив, ДУИ тоа го разбра како порака од Албанците дека мора да се менуваат и се адаптираат на новите времиња. Но борбата за квалитет во албанскиот кампус не заврши во 2016 туку трае до денес, со чуднпресврти.
Четири години подоцна, оние кои со својата појава (Села, Гаши) ја принудија ДУИ да се реформира и модернизира, денес воспаничено гледаат како ДУИ им го презема модернизмот, урбаниот слој на млади и воедно ја сочувува руралната доминација.
Од друга страна, Заев и СДСМ зададени по имагинарни нереални албански бројки, немаат храброст да разберат дека со заминувањето на младата македонска интелектуална, современа и квалитетна структура од Бихаќа, тие стануваат неатрактивни за Албанците и квантитативно пожелни единствено за нивниот талог“, пишува тој во дел од својата колумна.