вторник, 2. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Земјотрес ја стресе и Македонија- еве каде беше епицентарот

Земјотрес ја стресе и Македонија- еве каде беше епицентарот

Земјотресот што попладнево беше почувствуван од населението во западните делови од државава, а со епицентар во Албанија, 120 километри југозападно од Скопје, како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, е со Рихтерова магнитуда од 4 степени.

Земјотресот, регистриран во 16 часот и 08 минути, е со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и припаѓа на епицентралното подрачје Дебар.

Како што јави претходно дописникот на МИА од Дебар, епицентарот на земјотресот бил во пограничното албанско градче Булќиза, околина на Пешкопеја.

Пред десеттина дена регистрирани беа серија од дваесеттина земјотреси со епицентар во истата област, која е на оддалеченост од триесеттина километри од Дебар. Најсилниот беше со јачина од 4,8 степени.

Најнови вести