Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираше земјотрес 124 километри југозападно од Скопје во Република Грција.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случил во 10 часот и 29 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од населението во Битола и околината.