Доцна попладнево е регистриран земјотрес со јачина од 2,4 степени близу Битола, а потресот бил почувствуван од жителите на градот.
Епицентарот бил на 10 километри од Битола, покажуваат податоците на Сеизмолошката опсерваторија.
Изминативе денови имаше слаби земјотреси во Битола и во Делчево.