За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.
Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Охридското Езеро сега е за осум сантиметри понизок од просечниот за март. Пониско од просечното и тоа за 1,71 метар е и нивото на Преспанското Езеро со што е на два сантиметра над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Повисок од просечниот е само водостојот на Дојранското Езеро и тоа за 2,84 метри.
Пониски од просечните се и нивоата на најголем дел од реките во земјава. Единствено реката Бабуна на мерното место кај Богомила има за три сантиметри повисок водостој од повеќегодишниот просек за овој период од годината, а ист водостој со просечниот има реката Струмица на мерното место кај Сушево.