Тројно зголемено во однос на просекот за март е нивото на Треска кај Македонски Брод, а водостоите на Вардар, Пчиња и Сатеска се удвоени, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Нивоата на Крива Река, Брегалница и Црна Река не бележат поголеми отстапувања.
УХМР утрово соопшти дека реката Вардар наместа возводно и низводно од Јегуновце повторно е излеана.