Жителите на Дебарца излегоа на протест против изградбата на регионална депонија во нивната општина.
Тие испратија пораки до премиерот Зоран Заев и до локалната власт дека Дебарца ја наследиле чиста и чиста ќе ја остават.
„Премиере, не играјте си со нашето трпение“.
„Депонија во Дебарца нема да има, нашето здравје не е ваша ниту европска грижа“.
Граѓаните му порачуваат на Заев дека треба нив да им го даде она што им го вети, а не на неговите коалициони партнери.
„Институциите на системот се наш сервис, или ќе не послушате или ќе ве нема“- му порачаа граѓаните на Заев.