Делови во повеќе држави од регионот денеска се опоравуваат по страшното невреме кое беснееше вчера вечерта.
По страшното невреме од кое најмногу беше погоден грчкиот остров Халкидики, невреме имаше и во Албанија, но и во неколку македонски градови.
Според фотографиите на социјалните мрежи во Охрид невремето буквално уништи цели камп приколки во автокампот Љубаништа, а слично невреме беснееше и во Преспа.
На социјалните мрежи утрово се појавија и фотографии од Дупени каде револтираните жители споделија фотографии од уништената плажа и откорнатите дрва по што ги потсетија властите дека и Дупени е дел од Преспа, а не само Крани кое исто така беше погодено од силното невреме вчеравечер.
Инаку денеска министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и за внатрешни работи Оливер Спасовски најавија дека ќе го посетат автокампот Крани, додека жителите од околните села и места во Преспа кои се погодени од невремето ги заборавија.