Изминативе неколку денови пишувавме за потенцијалните кандидати за наследник на познатиот Васил Тупурковски Циле, кој си заминува од позицијата по 28 години предводење на Олимпискиот комитет, пишува порталот Република.
Кои се двајцата официјалните кандидати?
Даниел Димевски ѝ е добро познат на јавноста. ДКСК водеше постапка за него во времето кога беше советник на Зоран Заев во Владата. Користејќи ја својата моќ во Владата, Димовски за себе си го придоби спортскиот центар Кале.
Сето тоа го знаел Зоран Заев, а сепак ја одобрувал таа намера за кршење на законот на неговиот советник, што можеби и го прави соучесник затоа што не го спречил.
Александра Војневска Зикова е веќе 3 години претседател на Советот за спорт при Агенцијата за млади и спорт и веќе 1 година е претседател на Атлетската федерација на Македонија. Во периодот од 2017 до 2019 додека е претседател на Советот за спорт при АМС на Атлетската федерација Војнеска ѝ доделила околу 10 милиони денари. За само една година додека има двојна функција сама на себе си префрла двојно повеќе пари, односно околу 20 милиони денари.
Каде и како завршиле над 20 милиони денари во оваа кризна ситуација на Корона криза, само Војневска може да соопшти.
Кого и да постави Зоран Заев, освен ако не се откаже од намерите и да го одложи гласањето, ќе биде негов личен избор за да може да ги контролира парите во Македонскиот олимписки комитет.