сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зошто Заев се плаши од предлогот на Мицкоски за испитување на имот на политичари?

Зошто Заев се плаши од предлогот на Мицкоски за испитување на имот на политичари?

Минаа месеци од предлогот, недели од повикот, а премиерот Зоран Заев се уште не се изјаснува по прашањето за испитување на потеклото на имотот на политичарите и нивните семејства.

Ваквото однесување на Заев остана простор за сомнеж дека претседателот на Владата се плаши од испитување на потеклото на имотот на бизнис империјата кој ја поседува тој и неговото семејство.

-Да донесеме закон за испитување на потекло на имот на политичарите и нивните семејства, и сите оние кои се збогатиле неосновано на грбот на народот да бидат санкционирани, да прифатиме измени со кои ќе се знае кој ќе биде кандидат мандатар, а оној кој нема да ја добие довербата да се  збогува со политиката во Македонија политика. Воедно еве прилика да се излезе од голиот популизам и власта нека ги прифати амандманите на законот за употреба на јазиците, со кој ќе се направи законот уставен, применлив и нема да биде дискриминаторски кон останатите етнички заедници во Македонија. Заев делумно прифаќа испитуање на имот на судии, но не и на политичари, по повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, премиерот Заев.

Стравот во неприфаќањето на овој предлог, најверојатно е поврзан со јавниот или сокриен удел кој Заев го има во најмалку 12 семејни компании кои се занимаваат од  бизнис со производство на ајвар па се до транспорт и бизнис со марихуана. Дека ваков удел постои пред извесно време потврдија од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бараме и очекуваме, Зоран Заев како лидер на СДСМ и премиер на Република Македонија суштински да се оттргне и да се отуѓи за почеток од: Фарма Медика, Тргопродукт, Мамас Фуд, Омни Градба, Центроштепед, Тотал електроник, Еленица, Пеон, Сара Јавор, Тотал Инженеринг, Сара Инженеринг, Дравас Инженеринг, Електро Инженеринг. Ова се само дел од компаниите во сопственост на кланот Заеви, а имајќи го предвид имотниот лист и изјавите на Заев дека живеат во заедница со братот и родителите, неговото учество и удел во бизнисот додека е избран функционер е и повеќе од суштинско, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

Во анкетниот лист на Заев нема удели на негово име

Во анкетниот лист на Заев, нема удели на негово име, но на име на родителите пријавил акции.

Иако во анкетниот лист Заев не пријавил на свое име ниту недвижен имот ниту автомобил, фактите се сосема поинакви.

Мицкоски често го повикува Заев да се огласи по дадените предлози, но одговоор нема. Според Мицкоски добро е премиерот да одговори од што се плаши и зошто молчи за предлозите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ причина за страв и неизјаснување гледа во несразмерно зголемување на имотот на Заев.

Најнови вести