Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави низа проекти во секторот образование и култура.
Дел од проектите кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги најави се:
-Изградба на нови 20 и реконструкција на 50 училишта.
-Поголеми примања за Универзитескиот кадар (до 100.000 денари плата за редовни професори, до 80.000 денари плата за вонредни професори, 60.000 денари плата за доценти, до 45.000 плата за асистенти на факултети).
-Поголеми плати за наставниот кадар во основното и средното образование. Плата до 36.700 денари согласно Колективниот договор.
-Повеќе пари во образованието. Зголемување на инвестициите од 3.7% на 5% од БДП.
-Делегиран буџет за културните установи.
-Стимулирање на инвестициите на приватниот бизнис во културата.
-Изградба на нови театри во Прилеп, Охрид и Скопје.
-Намалување на ДДВ од 18 на 5% во културата.
-Унапредување на македонскиот јазик како наше идентитеско обележје.
Жугиќ: Ќе се овозможи трајно зачувување на уметноста што е од особена важност за секоја држава
Работниците во образованието и културата со голема поддршка ги примија овие најави.
Актерката и поранешен директор на театар Комедија, Јелена Жугиќ, во изјава за КУРИР ги коментира најавите на Мицкоски и говори за нивната важност.
-Доколку ВМРО-ДПМНЕ ја оформи новата Влада, ќе продолжи каде што застана во капиталните инвестиции, идејата за делегиран буџет е одличен проект за стимулирање на успешно менаџирање на културните институции, намалениот данок од 18% на 5% и стимулирање на бизнис секторот да инвестира во културата се одлични мерки за што повеќе парични сретства да се влеат и да останат во културата. Инвестицијата во македонски брендови и креативни индустрии ќе потикне системски развој на истата, а дигитализацијата на културнито и уметничкото наследство е мерка со која ќе се овозможи трајно зачувување на уметноста што е од особена важност за секоја држава. Проектите се реални и издржани и се логичен след на грижата на ВМРО-ДПМНЕ за културата и културното наследство во Македонија. Морам да напоменам дека со 100% покачување на платите во минатиот мандат, со зголемениот буџет за проекти и меѓународна дејност, со отварањето на многу нови работни места како и со изградбата на нови театарски објекти… ВМРО-ДПМНЕ покажа каков треба да е односот на една развиена држава кон културата и нејзините чинители, истакна Жугиќ во изјава за КУРИР.