недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Жугиќ: Скопје тоне во смет, луѓе умираат од КОВИД, а Шилегов дава тендер од еден милион за партнерот на Мила Царовска

Жугиќ: Скопје тоне во смет, луѓе умираат од КОВИД, а Шилегов дава тендер од еден милион за партнерот на Мила Царовска

Петре Шилегов молчи и се крие, откако му додели тендер од еден милион денари на партнерот на министерката Мила Царовска, за вршење на услуги – снимање на зелени површини, за рана детекција за растителни болести, обвини Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во време кога секој ден десетици луѓе починуваат од компликации од вирусот, на Шилегов најголема грижа му се болестите на зелените површини. Истите оние зелени површини кои како градоначалник ги запостави и девастираше изминативе три ипол години. Граѓаните секојдневно се соочуваат со загуба на човечки животи, со стотици новозаразени секој ден, со поскапени режиски сметки и прехрамбени продукти, а Шилегов брутално се расфрла со парите на скопјани. Граѓаните се борат со финансиската криза, не ретко една маска се носи и по неколку дена, парите не стигаат и за средства за дезинфекција и за витамини и за поздрав начин на исхрана кој помага во зајакнување на имунитетот. Градоначалникот, „таткото” на скопјани Шилегов наместо да распише тендер, да набави заштитни средства и да ги подели бесплатно на ранливите категории граѓани, тој почитувани скопјани, дава еден милион денари на партнерот на Царовска за снимање на зеленилото од дрон, вели таа.

Жугиќ посочува дека Скопје се гуши во смет!

-Парковите низ Аеродром се обраснати со трева и запуштени, Вардариште во Гази Баба е депонија скоро рамна на Дрисла, преполни контејнери во Кисела Вода и во Центар. Шилегов не знае како да ги заврши  основните задолженија како прв човек во Скопје, но затоа знае точно како да ги потроши парите на граѓаните за апсолутно непотребни работи во овој момент.         Во услови на пандемија, илјадници деца сеуште немаат соодветни уреди за да ја следат наставата од дома. Шилегов наместо да размисли како да им помогне и да пренамени средства за купување на таблети или лап-топ компјутери, тој распиша тендер за дронско снимање на зелени површини. Ја повикувам Државната комисија за спречување криминал да го испита случајот со тендерот за дронско снимање на Шилегов, каде добитник на истиот е да повторам партнерот на министерката Царовска. Одговорност мора да има. Петре Шилегов, твојата некадарност и негрижа нанесува непоправлива штета на скопјани и Скопје. Расфрлањето со нашите пари во услови на тешка пандемија, никогаш нема да ти го простиме, порача таа.

Најнови вести