На 27 април кабинетот на Претседателот распиша оглас на Бирото за јавни набавки за набавка на патничко моторно возило, меѓутоа без објавување на проценетата вредност на автомобилот.
Објавените карактеристики во тендерската документација наведуваат дека се бара автомобил со 7-степен автоматски менувач, тонирани стакла, камера за паркирање и други карактеристики кои се одраз на еден скап и луксузен автомобил. Во време на пандемија и криза овој автомобил е еден од многуте скапи набавки кои ги врши власта.