среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Здравковски: Депонијата во Велес се претвори во нова еколошка катастрофа, градоначалникот Коцевски треба да поднесе одговорност

Здравковски: Депонијата во Велес се претвори во нова еколошка катастрофа, градоначалникот Коцевски треба да поднесе одговорност

Екологијата, здравата животна средина и чистиот воздух се темелни вредности на Уставот на Република Македонија.  Нас како граѓани на Општина Велес тоа треба да ни биде овозможено. Вчера и денес сме сведоци на оваа нова еколошка катастрофа. После тридецениската борба со  Топилницата, конечно успеавме да ја затвориме,  овој пат имаме нова еколошка  катастрофа и ново жариште на  еколошка катастрофа, а тоа е депонијата на ЈКП „Дервен“, изјави Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„Депонијата на ЈКП „Дервен“ е запалена во последните два дена, а со тоа се имаат ослободено огромно количество на токсини и фурани кои што имаат канцерогено својство. Сакаме јавно да го прашаме  господинот градоначалник дали чувствува барем малку одговорност и дали ќе собере сила да  се извини на граѓаните за ова што се случува овие денови. Исто така сакаме да ги прашаме управата  ја ЈКП „Дервен“ кој ќе поднесе одговорност за сето ова што се случува, дали е лоцирана причината зошто оваа депонија е запалена  и дали некогаш ќе се санира?“

Здравковски го повика и носителот на советничката листа  на СДСМ Ненад Коциќ кој е актуелен советник и претседател  на еколошкото друштво „Вила Зора“ да се изјасни и да излезе со свој став истовремено и да го осуди ова што се случува во последните два дена.

На Велес не му се потребни нови дополнителни катастрофи, доста е со изговори и доста е веќе со оправдувања. Почнете еднаш да работите, бидејќи ако не знаете вие, има кој знае, порача Здравковски.