петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Жагарс пред потпис со Фенербахче

Жагарс пред потпис со Фенербахче

Летонскиот кошаркарски репрезентативец Артурс Жагарс е мета на неколку клубови кои настапуваат во Евролигата.

Кошаркарот роден во 2000 година имаше фантастичен настап предводејќи ја Летонија до сензационалното петто место со просек од 12.4 поени и 7.4 асистенции, место кое е големо изненадување со оглед на тоа што балтичната држава настапи без НБА ѕвездата Криштапс Порзингис.

За Жагарс постои интерес од Партизан, Басконија, Жалгирис и Фенебахче, а се чини дека Летонецот е најблиску до гигантот од Истанбул.

Евролигашкиот шампион на сезоната 2016/17 му понудил тригодишен договор со тоа што младиот плејмејкер следната сезона ќе ја помине на позајмица во литванскиот прволигаш Волвс со можност за премин во Фенебахче во било кој момент.