петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Крај на сезоната за Артурс Жагарс

Крај на сезоната за Артурс Жагарс

Артурс Жагарс воодушеви со настапите за репрезентацијата на Летонија и реализираше трансфер во Фенербахче од каде сепак беше пратен на дополнително стекнување на искуство во литванскиот тим Вулс, но таму заработи тешка повреда.

Жагарс ги скина лигаментите на левото колено на средбата против Лиеткабелис одиграна во Паневежис и за него сезоната е завршена, потврди и турскиот клуб. 23-годишникот ќе мора да биде надвор од теренот во следните пет месеци и ќе се врати за сезоната 2024/25.