недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Антикорупциска се слушаме? Во Охрид во сред изборна кампања, СДСМ и Константин за глас повеќе асфалтираат улици во вечерните часови

Антикорупциска се слушаме? Во Охрид во сред изборна кампања, СДСМ и Константин за глас повеќе асфалтираат улици во вечерните часови

На само неколку денови од гласањето за градоначалник на Охрид, СДСМ и Константин Георгиески, во доцните вечерни часови асфалтираат улици, пренесува Охрид24.мк.

Зошто толкаво брзање па мора да се работи и доцна во ноќта? Зарем во овие година и пол не најдоа време да ја асфалтираат оваа улица во Лескоец?

Но очигледно е дека СДСМ и Константин Георгиески се во голема паника и очај од поразот кој им претстои, по посегнуваат по вакви мерки и со ефтин популизам се обидуваат да добијат глас повеќе.

Ако Македонија е правна држава, Антикорупциската комисија мора да преземе мерки за случајот, бидејќи токму тие пред изборите најавија дека во периодот од распишување до оддржување на изборите за претседател и за градоначалник во неколку општини не смее да се почне било каква изградба на објекти со буџетски и јавни средства.

-Во наведениот период не може да се почне градба на објекти како патишта, водоводи, далноводи, канализација, училишта, градинки и други објекти, а не може да се одржуваат ниту јавни настани по повод почнување на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал, пишуваше во соопштението на антикорупциската комисија.