сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Бизарни верувања за спас од коpoна вирусот: Дедо од Делчево тврди дека „пронашол“ лек за опасниот вирус! (ВИДЕО)

Бизарни верувања за спас од коpoна вирусот: Дедо од Делчево тврди дека „пронашол“ лек за опасниот вирус! (ВИДЕО)

Седумдесетгодишен маж од Делчевско тврди дека според старите народни верувања здравјеро доаѓа од силните и цврсти дрвја и поминувањето под нив.

Тој поставил патоказ на патот меѓу Делчево и Штип за луѓето полесно да дојдат до лекот против коронавирусот.

Исто така открива дека сонувал, лекот е човек да се протне под корен од дрво од орев. И, решил сонот да го претвори во реалност, па ископал процеп меѓу корените од две млади дрва орев во близина на реката Брегалница.

Делчевецот вели дека и лекари доаѓале да го испробаат неговиот лек. Сепак, истакнува, ако дојдат вакцините ќе се вакцинира, затоа што освен во сонови, верува и во медицината.