вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

БРАВО МАРКО, ТИ СИ НАША ГОРДОСТ: Детето спортски херој пливаше речиси 22 часа – си ја исполни својата желба (ВИДЕО)

БРАВО МАРКО, ТИ СИ НАША ГОРДОСТ: Детето спортски херој пливаше речиси 22 часа – си ја исполни својата желба (ВИДЕО)

Некогаш неостварена желба, сега реализирана цел. Марко го заврши последниот подвиг за време од 21 час и 42 минути.

Марко Пејчиновски, младиот македонски пливачки маратонец на отворени води летово го препливуваше Охридското езеро за да инспирира и да докаже дека сè е возможно.

Тој денеска успешно го заврши и последното 10 препливување за ова лето, на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид во должина од 64 километри. На празникот Голема Богородица го заврши последниот подвиг за време од 21 час и 42 минути.

Од почетокот на својата пливачка кариера, младиот маратонец прави подвизи кои никој досега ги нема направено. Неговата желба е секогаш да ги крева стандардите, да направи нешто поголемо, нешто потешко, да го тргне зборот „невозможно“ од речникот.