понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Децата во градинката „Рада Поцева“во Кавадарци од денеска ќе дишат чист воздух

Децата во градинката „Рада Поцева“во Кавадарци од денеска ќе дишат чист воздух

33 прочистувачи на воздух од брендот „Блу ер“ од денеска се во функција во сите клонови на детската градинка „Рада Поцева“ во Кавадарци. Станува збор за донација од компанијата “Екотип“ од Скопје, вредна 10 илјади евра.

Централниот објект на градинката „Гроздоберче“ денеска го посетија градоначалникот Митко Јанчев и претставници на фирмата што ги донираше прочистувачите.

Јанчев ја нагласи позитивната улога на овие прочистувачи во секојдневието на децата кои се згрижени во градинка.

-Донацијата е на наша иницијатива по нашата долгогодишна соработка со Еко тип а е наменета за најмалите жители на општина Кавадарци, рече Јанчев.

Со поставувањето на овие електрични уреди воздухот во сите занимални на градинката ќе биде прочистен од полен, мувла, прашина, прашински грини, чад, мириси од готвење како и опасните ПМ2,5 и Пм10 честичките.

Директорката на градинката Цанка Добринова се заблагодари за донацијата која е од големо значење за сите деца кои се згрижени во градинка.

Најмалите исто така искажаа благодарност за донацијата. На градоначалникот и на претставниците на донаторот им подарија цртежи со теми од екологијата.