четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Десет пожари во кумановско

Десет пожари во кумановско

Кумановските пожарникари гаселе десет пожари во села и приградски населби во Кумановско, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Сува трева и стрништа гореле во липковско Никуштак, по што интервенирале во блиското кумановско село Умин Дол. Напладне горела сува трева во Тромеѓа и во населбата Карпош.

Поголема површина била зафатена во Пуковско и Провце. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани три возила на противпожарната служба и десет пожарникари.

И во Шупли Камен била зафатена поголема површина исто така и таму биле ангажирани три возила и десет пожарникари. Во Проевце горела површина над „Живкова Карпа“.

Во вечерните часови пожарникарите гаселе стрништа и сува трева во Речица, Ваксинце, Романовце и во населбата „Перо Чичо“, како и во село Брзак. Преку ноќта повторно горело во Романовце, пожарот бил изгаснат пред пет часот, утрово.