понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Голем дефект го остави цел Дебар без вода

Голем дефект го остави цел Дебар без вода

Голем дефект на водоводната мрежа на главната улица во Дебар ги остави жителите од овој град без вода.

Од јавното комунално претпријатие „Стандард“ информираа дека нивни екипи се на терен и работат на санирање на дефектот.

-Станува збор за голем дефект на главната улица „Осми септември”. Максимално се ангажирани нашите вработени во санирање на дефектот. Се надеваме дека вечерва потрошувачите ќе добијат вода, изјави за МИА директорот на комуналното претпријатие Курим Каба.

Прекинот е од утринава, а нормално водоснабдување имаат селата Долно Косоврасти и Рајчица, како и кракот кон Центар Жупа.