Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро.
Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави дека е извадена кадата, која била забележана пред неколку дена на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на желбите.
Фотографијата била направена на оддалеченост од 100 метри од брегот, на длабочина од пет метри и беше споделена на Фејсбук.
Нуркачите објавија фотографии и видео дека кадата е извадена од езерото.
-И ветар да вее и бура да коси и бран да фати, зборот е збор… кадата е извадена, напишаа од нуркачкиот центар на нивната Фејсбук страница.