вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Кавадарци ќе добие петкилометарска пешачка патека покрај Луда Мара

Кавадарци ќе добие петкилометарска пешачка патека покрај Луда Мара

Кавадарци ќе добие петкилометарска пешачка и велосипедска патека покрај реката Луда Мара, од излезот на селото Ваташа до браната Моклиште и старата атрактивна воденица.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за ова синоќа го информираше новото раководство на ваташката урбана месна заедница. Тој се сретна и со ваташани, ги слушна нивните потреби, а им ги појасни и плановите на локалната самоуправа околу подобрувањето на животот во ова историски познато село.

– Во моментов се снима теренот на лице место, а потоа ќе пристапиме кон убавиот проект за патеката која ќе може да се користи и за џогирање. Верувам дека таа дополнително ќе го заживее ова место, рече  Јанчев,  нагласувајќи дека за реализација на целата таа замисла, неопходно е да се разговара и со сопствениците низ чии земјоделски имоти ќе минува патеката.

Ваташани, меѓу другото,  побараа од градоначалникот  подобро улично осветлување, поплочување на улици, потпорни ѕидови, косење на трева, легнати полицајци и слично.

Јанчев ќе ги посети и останатите месни заедници во општината, со цел да поразговара со жителите околу нивните приоритети и евентуални проблеми.