петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Лекарите од Гостивар предупредуваат: Алармантна состојбата со Ковид-19

Лекарите од Гостивар предупредуваат: Алармантна состојбата со Ковид-19

Четири лица во Гостивар починаа од вирусот корона, од вчера до денес, а други двајца се во многу критична состојба, велат од гостиварското одделение за заразни болести за Алсат. Според лекарите, ситуацијата е критична и докторите секојдневно се борат за спасување на живот на заболените. Бидејќи инфективното одделение во Гостивар е полно, отворени се уште две одделенија за лекување на пациенти со КОВИД-19.

„Ситуацијата продолжува да биде алармантна. Одделот е полн со пациенти и излегува од контрола, затоа е крајно загрижувачки. Со медицинскиот персонал еднаш споменав дека сме само тројца лекари и доаѓаме секоја втора ноќ 24 часа да се грижиме, има замор, и со лекари имаме дефицит“, вели Лирим Беиќир, одделение за инфективни болести Гостивар.