сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Мицкоски: Излезете и покажете дали сте за иднина која заедно ќе ја создаваме, вие пристојните луѓе на кои ви е преку глава да бидете прескокнувани, омаловажувани и тргани на страна

Мицкоски: Излезете и покажете дали сте за иднина која заедно ќе ја создаваме, вие пристојните луѓе на кои ви е преку глава да бидете прескокнувани, омаловажувани и тргани на страна

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на митингот во Радовиш порача дека големите одлуки зависат од народот, повикувајќи да излезат и да покажат дека се за иднина која заедно ќе ја создадат.

Драги радовишани затоа излезете на овие избори и гласајте. Затоа што ако не излезете и не гласате, тогаш ќе мислат дека ја водат државата исправно и ќе продолжат ве злоупотребуваат вас и вашата добрина. Со молчење сите ние стануваме соучесници во нивниот грабеж на Македонија. Тие сакаат да останете дома, вие покажете жилавост и излезете да гласате. Големите одлуки зависат од народот. Ова се моменти да се биде гласен. Нашиот народ знаел да биде гласен многу пати во минатото, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека овие избори се шанса за промени и нова иднина на тивкото мнозинство.

Овие избори се шанса за промени, за подобро утре. Шансата е пред нас за да се променат работите. Излезете и покажете дали сте за иднина која заедно ќе ја создаваме или навистина се чувствувате подобро и најдобро како што велат овие, вели Микцоки.

Шансата е во вашиот глас. Вашиот глас е вашата пркост. Вашето НЕ за тоа да крадат и печалат на вашиот грб. Вашето ДА за иднина. Овие избори се шанса да се изборите за повеќе да се чуе вашиот глас. Изборите се шанса за тивкото мнозинство. Вие пристојните луѓе на кои ви е преку глава да бидете прескокнувани, омаловажувани, тргани на страна за кои имате став за работите, а не ве прашуваат, да не дозволиме апсолутна власт во рацете на човек кој ја злоупотребува таа власт. Време е за промени и шанса за нова иднина. Време е за гласот на тивкото мнозинство, затоа излезете на 17ти октомври и заокружете го бројот 7, за нов градоначалник на Радовиш, за нова победничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, вели Мицкоски.