петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Мицкоски: Над 65 проекти кои се почнати, 75 проценти реализирани капитални инвестиции во Битола за само една година

Мицкоски: Над 65 проекти кои се почнати, 75 проценти реализирани капитални инвестиции во Битола за само една година

Битола денеска го одбележува Денот на ослободувањето, а во посета на градот беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој заедно со градоначалникот на општината Тони Коњановски направи увид во градежни активност на асфалтирање на Бруснички пат во неселено место Брусник.

-Од утре па до недела ќе имаме 365 дена од победата на локалните избори минатата година во Скопје, ве поканувам доколку имате можност да дојдете и да слушнете од лице место што се е направено изминатата година од градоначалниците кои што беа избрани од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се 42 плус коалицијата во општините каде што е ВМРО-ДПМНЕ, тоа е некаде вкупен број околу 50тина општини. Споредено со тоа што беше во минатото, навистина е неспоредливо во насока на зголемување на квалитетот на граѓаните.

Овде ова што го кажа и градоначалникот на Битола навистина претставува импозантно повеќе од 75 проценти реализирани капитални инвестиции, до сега тоа не се случило, повеќе од 65 проекти за до година подготвени, односно пред дозвола за градба, и навистина Битола заслужува да го врати оној сјај кој што од секогаш го имала на конзулски град.

А јас се обврзувам и лично и тоа сум го кажал и многу пати во минатото, дека владата на ВМРО-ДПМНЕ и јас како нејзин мандатар ќе посветам посебно внимание овде за Битола и ќе бидеме ветер во грб на локалната самоуправа, а не сега како што тоа го прави оваа влада да гледа на сите можни начини да ја опструира работата на локалната самоуправа и на градоначалникот.

Уште еднаш ќе ми дозволите да го честитам денот, да му честитам на градоначалникот, на тимот, на советниците, на сите луѓе кои што допринесуваат за Битола да се гради и продолжуваме со исто темпо, продолжуваме да го враќаме сјајот на Битола на конзулски град, истакна Мицкоски.