сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Мицкоски: Сите можеме заедно, да ја промениме тешката реалност, излези и гласај за себе и своите најблиски, за нова иднина

Мицкоски: Сите можеме заедно, да ја промениме тешката реалност, излези и гласај за себе и своите најблиски, за нова иднина

Ако оваа реалност не ја промени тогаш луѓето ќе остарат. Кога ќе видиш некој како му поминува целиот живот како го проаѓа во истиот шаблон, уверен дека така мора да биде, дека не зависи ништо од него, мора да направиш чекор и да ја промениш таа реалност, вели Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот од Велес.

Не мора да е така! Вашиот животен пат не е константа и не фиксен. Вашата траекторија не е определена од други туку зависи од вас самите, рече тој.

Мицкоски рече дека една одлука може да го промени животот на секој граѓанин, додавајќи дека со масовно излегување на изборите и гласање може да се промени оваа тешка реалност.

Ако го промените начинот на живот, со една одлука која може да значи многу, ќе излезете од тој хаос. Една одлука може да ви го промени животот. Затоа вие сте силата која тоа единствено го може. Ние сите можеме заедно да ја промениме тешката реалност, вели Мицкоски и додаде: Твојот глас одлучува излези и гласај за себе и за своите најблиски.