Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митинг во Струмица пред граѓаните вели дека Струмица стана заробеник од алчноста на Заев, односно како што рече тој повеќе од една деценија градот е заробеник на една фамилија, додавајќи дека време е тоа да престане.
Повеќе од една деценија градот е заробеник на една фамилија. Чесните луѓе ги надгласува со купени гласови. А парите се вртат во истиот затворен круг. Владее со уцени, закани и притисоци, рече претседателот Мицкоски.
Мицкоски, нагласи дека е потребно на овие локални избори да се излезе масовно со поддршка и да не им се дозволи на СДСМ да продолжат да злоупотребуваат со добрината на граѓаните.
Излезете на овие локални избори и гласајте, затоа што ќе мислат дека ја водат државата исправно и ќе продолжат да ве злоупотребуваат вас и вашата добрина. Со молчење сите ние стануваме соучесници во нивниот грабеж на Македонија. Тие сакаат да останете во домовите, вие покажете жилавост и излезете да гласате. Големите одлуки зависат од народот. Ова се моменти за да се биде гласен, дециден е претседателот Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ нуди 14.835 проекти за сите општини кои значат решавање на проблемите на граѓаните.
Програмите кои ги нудиме содржат вкупно 14.835 проекти од различни сфери и области и се решенија за реалните проблеми на народот. Гарантираме изградба или реконструкција на 2000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини, дигитализација за ефикасни општини и многу други проекти, од кои што став во коски имаат овие неработници, криминалци и измамници, вети Мицкоски.