сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Мицкоски: Власта e исплашена, затоа што понудата на ВМРО-ДПМНЕ се нови, мотивирани и свежи кадри, да создадеме иднина која ќе роди нова надеж кај напатениот народот

Мицкоски: Власта e исплашена, затоа што  понудата на ВМРО-ДПМНЕ се нови, мотивирани и свежи кадри, да создадеме иднина која ќе роди нова надеж кај напатениот народот

Нам ни треба да создадеме нова иднина. Нова иднина која што се темели на шанси за обичниот човек. Надежта е способност да се виде светлината и покрај сите темнини. Иднина и надеж која ќе донесе промени, проекти и победи. Иднина која ќе стави крај на сите порази и неуспеси во минатите години. Иднина и надеж која ќе ја смени сликата на македонската политика, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред граѓаните на денешниот митинг во Радовиш.

Претседателот Мицкоски истакна дека одбива да биде дел од политичарите со скандали и афери, но и дека власта е исплашена бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нуди нови мотивирани и свежи луѓе кои влегуваат во политиката за да дадат, а не да печалат за себе.

-Одбивам да бидам дел од политичарите кои ја тонат Македонија во едноличност, афери и скандали. Време е за надеж. Надеж која ќе биде одново изградена од новата генерација на македонски политичари кои ќе работата на создавање на новата иднина. Затоа е исплашена власта. Затоа што понудата на ВМРО-ДПМНЕ се нови мотивирани и свежи луѓе. Луѓе кои влегуваат во политиката за да дадат а не да печалат од политиката за себе, рече Мицкоски.

Тој додаде дека се бори за иднина во која заедно со граѓаните ќе се градат мостови и ќе се рушат ѕидови меѓу народот, иднина која ќе значи почит за земјоделците, работниците, иднина и надеж за народот.

-Јас се борам за иднина во која заедно ќе градиме мостови и ќе рушиме ѕидови меѓу народот. Да создадеме иднина која ќе роди нова надеж кај напатениот народ. Иднина и надеж која ќе ги направи општините да му служат на народот. Иднина и надеж која ќе значи почит кај земјоделецот. Иднина и надеж каде работникот ќе биде повисоко на пиедесталот од политичарот. Иднина и надеж каде слабите ќе ја имаат заштитата, а силните нема да злоупотребата силата. Иднина и надеж во која ќе се знае дека народот е вистинскиот газда во Македонија, порача Мицкоски.