Во овие години на назадување, стагнација и неработа го изродија балканскиот Луј 14ти, кој на митинзи доаѓа со BMW од 100 илјади евра, се импресионира и се фали дека гази црвени килими, смета дека всушност тој е државата и мисли дека сите грешки ќе му се заборават, дел од крадените пари ќе ги извади сега пред избори, дел ќе ги подели на луѓето и тие ќе му простат се што правеше изминатите 52 месеци, заборавајќи дека тоа се пари на народот. Е на овие избори на 17-ти октомври тоа нема да се случи, народот нема да поверува на овие лаги, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ од Босилово.
Мицкоски пред присутните рече дека Заев изминатите 5 години за Македонија донесе само порази и назадување, додавајќи дека додека земјоделците мака мачат за да го продадат својот род, Заев се вози со БМВ од 100.000 евра.
Пет години е на власт, а нема ден да нема по неколку скандали и во овие 52 месеца, односно пет години, никогаш ние не успеавме да се израдувавме на некаков колективен успех, затоа што носат само порази и назадувања, вели Мицкоски.
Пет години ги лаже земјоделците дека ќе им даде субвенции, а истите тие 5 години по ред мака мачат со откупните цени. Оваа земја има премиер кој е најомразената личност на сите анкети, затоа што го изневери својот народ и неговите очекувања. Ги излажа и земјоделците. Додека фирмите на Заеви работат турбо, земјоделците мака мачат со откупот. А откупувачите се истите оние кои прават бизниси со семејството Заеви додека маката на земјоделците останува неплатена. И навистина боли кога ќе ги видам разочараните лица на работливиот народ кој од нивите го гледа Заев како пролетува и оваа кампања со автомобил вреден 100 илјади евра, додека тие остануваат со празни џебови, и се плашат како месецот ќе го помина, зимата и ќе обезбедат пари за школување на своите деца, изјави Мицкоски.