понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Негрижата на властите предизвика пожар во офицерски дом во Битола

Негрижата на властите предизвика пожар во офицерски дом во Битола

Вечерва пожар го зафати Офицерскиот дом во Битола, еден од најубавите архитектонски зданија на Широк Сокак. Според информации од терен, се дознава дека објектот подолг период е без обезбедување, запуштен и оставен без адекватна заштита и грижа.

Пожарот се случил откако бездомник влегол во објектот и запалил оган да се загрее, по некое време огнот се проширил и предизвикал пожар. Реагирала противпожарна единица, по што пожарот бил изгаснат.

Овој немил настан за малку ќе го оштетеше овој објект симбол на Битола низ времето.

Објектот е оставен на забот на времето, а власта не презема ништо за негова заштита и ставање во функција.

Власта иако предизборно и за време на парламентарните, но и за време на локалните избори ветуваше негова заштита и обнова, но ништо конкретно не направи. Офицерскиот дом според плановите на СДСМ требаше да се обнови и пушти во употреба како објект за одржување на културни настани, но ништо од тоа не се реализира досега, напротив истиот е оставен без никаква заштита.