петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Обезбедени 10 000 легла за Украинските бегалци во Охрид и Струга

Обезбедени 10 000 легла за Украинските бегалци во Охрид и Струга

10 илјади легла за украинските бегалци долж охридско струшкиот регион. ХОТАМ заедно со приватните сместувачки капацитети од двата крајезерски града понудиле до Владата листа на достапни објекти односно 30 отсто од капацитетите за прием и подолг престој на бегалците. Украинските туристи пред војната биле едни од гостите кои сакале да летуваат на брегот на езерото.

Воената состојба во Украина ќе се одрази не само на бројот на туристи од Украина и Русија, туку и врз веќе намалената куповната моќ кај народот велат хотелиерите.

Туристичките работници долж ривиерата најавија повисоки цени за најмалку 20 проценти , како резултат на зголемените цени на електричната енерегија,прехрамбените производи и покачувањето на нафтата.