четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

„Охрид стана небезбедно место за живеење, градот нема решение за кучињата скитници“

„Охрид стана небезбедно место за живеење, градот нема решение за кучињата скитници“

Охрид стана небезбедно место за живеење. Охриѓани живеат во страв. Охрид нема ден, а да не биде споменат во билтенот на МВР. Охриѓани секојдневно гледаат глутници кучиња кои се нивна опасност насекаде во градот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

-Неспособноста на локалната самоуправа и в.д градоначалникот Констатнтин Георгиески и после година и пол од преземањето на власта резултира со нерешен проблем со кучињата-бездомници. За жал се случи она што цело време предупредувавме. Сведоци сме како граѓаните кои како последица од напад на кучиња завршуваат со рани по телото. Кој ќе понесе одговорност за малолетното девојче каснато од куче на Градскиот плоштад? Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски до кога планира да ветува дека ќе го реши проблемот? Освен набавените две возила за транспорт на животните и шинтер во Претпријатието не гледаме никакво решение, истакнуваат тие.

Од ВМРО-ДПМНЕ Охрид прашуваат: Зарем целта е најмалите да бидат исплашени и трауматизирани, со оставена трага во нивниот понатамошен контакт со кучиња?

-Нетретираните кучиња се преносители на зараза која може да има посериозни последици по здравјето на граѓаните. Наместо долгоочекуваниот стационар видовме нов возен парк на директорот Грданоски. Доколку Георгиески и Грданоски не знаат чесно е да признаат, ние сме тука да помогнеме затоа што е во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи поради нечие незнаење да страдаат жителите и туристите на Охрид. Граѓаните чекаат резултати, порачуваат тие.