вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Општина Охрид ќе субвенционира набавка на инвертер клима

Општина Охрид ќе субвенционира набавка на инвертер клима

Општина Охрид распиша јавен повик за субвенционирање набавка за инвертер клима уред за 2022 година, во висина од половина износ, но не повеќе од 15.000 денари.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 април 2022 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства, а ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

Целта, како што стои во повикот, е стимулирање на жителите за примена на посовремени уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.

– Право на учество имаат жителите на Општина Охрид, кои имаат купено инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство во 2022 година и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците, стои во повикот на Општина Охрид.

Барателот, според јавниот повик, треба да има живеалиште на подрачјето на општина Охрид, да достави изјава дека нема искористено субвенции за купување инвертер клими и дека до поднесување на барањето е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут, набавениот уред да биде купен во 2022-та година, се до завршување на Јавниот повик и да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот…

Барањето со потребната документација во затворен плик се доставува до Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на посовремен уред за затоплување- инвертер клима за 2022 година, во архивата на Општина Охрид, на адреса улица „Димитар Влахов“ број 57, Охрид, секој работен ден од 9 до 15 часот.