петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Општина Охрид распиша јавен повик за субвенционирање велосипеди

Општина Охрид распиша јавен повик за субвенционирање велосипеди

Општина Охрид објави јавен повик за субвенционирање за купување велосипеди за 2022 година за граѓани, кои живеат на територија на општината.

Општината ќе субвенционира половина од средствата, односно не повеќе од 5.000 денари, за купен велосипед во периодот од 1 јануари годинава, до исцрпување на буџетот наменет за тоа.

– Целта е стимулација на жителите за користење велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во Република Македонија од 1 јануари 2022 година се до исцрпување на буџетот наменет за Јавниот повик, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед, се наведува во повикот.

Право на учество имаат невработени лица или студенти, кои се жители на Општина Охрид и немаат искористено субвенција за купување на велосипед од друг извор на финансирање или од општина Охрид.

Доделувањето на средствата, како што е наведено, ќе се врши по принципот „Прв дојден, прв услужен” во периодот од објавување на повикот, па се до исцрпување на буџетот наменет за Јавниот повик.